петок, јануари 30, 2026
Дома КУЛТУРА Балетската претстава за деца „Доктор Офболи“ утре во НОБ

Балетската претстава за деца „Доктор Офболи“ утре во НОБ

18

Најгледаната балетска претстава за деца, „Доктор Офболи“, на 31 јануари, во Националната опера и балет, ќе се изведе во два термина, од 17.00 и 19.00 часот.

Весела, разиграна и полна со фантазија, балетската претстава во два чина ги води децата низ свет на храброст, пријателство и добрина.

Со музика, бои и танц, оваа приказна носи радост и јасна порака дека доброто секогаш го наоѓа својот пат.

По музика на Игор Морозов, а според сказната на К. Чуковски, кореографијата ја подготви Михаил Крапивин од Русија. Сценограф е Живојин Трајановиќ, а костимограф Марија Пупучевска.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

ИЗДВОЕНИ