На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот беше изведена премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер.

 

Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет.

Публиката го поздрави брилијантниот настап на ансамблот, оддавајќи и посебна почит на примабалерината која беше неповторлива во насловната улога на Ема Бовари.

Во останатите улоги настапија Франциско Хименез Руиз (Шарл Бовари), Балаж Лочеи (Рудолф Буланже), Дмитро Чеботар (Трговецот Лере) и Ендру Кук (аптекар) заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Фото: Вечер пресс

 

 

ИЗДВОЕНИ