Бајру си замина, улиците во Франција “експлодираа“: Влегува ли земјата во вонредна состојба?/ВИДЕО

623
PA/GUILLAUME HORCAJUELO

Протестите, претходно најавени на социјалните мрежи, избувнаа низ цела Франција, зафаќајќи ги Париз, Марсеј, Нант и неколку други градови.

Демонстрантите се судрија со полицијата, блокираа главни патишта, превртуваа и палеа возила, а во некои случаи оштетија и јавен имот.

Според француското Министерство за внатрешни работи, околу 200 лица се приведени (иако различни извори велат дека има повеќе од 300). Оваа информација ја потврди министерот во заминување Бруно Ретајо.

Немирите доаѓаат во време на длабока политичка нестабилност. Премиерот Франсоа Бајру поднесе оставка по жестоките реакции на најавените мерки за штедење, кои вклучуваат намалување на социјалните трошоци. Претседателот Емануел Макрон го номинираше министерот за одбрана Себастијан Лекорну за нов премиер.

Реакциите на опозицијата се остри – левичарскиот блок бара предвремени избори, додека десницата го обвинува претседателот дека „губи контакт со реалноста“. Синдикатите најавија дополнителни штрајкови ако владата не ги повлече контроверзните реформи.

Овие протести укажуваат на растечко незадоволство на граѓаните не само од економската состојба, туку и од начинот на кој се носат политичките одлуки – без консултации со јавноста и со растечкиот јаз помеѓу владата и секојдневниот живот на граѓаните.

Промената на премиерот, без широк политички консензус, дополнително ја комплицира ситуацијата. Именувањето на министерот за одбрана за премиер во таков момент од многумина се толкува како порака дека земјата преминува во режим на „управување со кризи“, наместо да бара политичко помирување.

Лекорну ја презеде функцијата премиер напладне, но Франција се чини дека е во институционален ќорсокак – со хаотични улици од едната страна и нефункционална влада од другата.

 

ИЗДВОЕНИ