Уште од рано изутрина, Инџиково го разбудија багери. Општина Гази Баба реализираше акција за уривање на бесправно изграден објект.
Од Општина Гази Баба информираа дека објектот бил во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат.
–Акцијата започна во 05:00 часот наутро, со претходна координација со МВР. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности – објасни градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Тој е дециден дека нема компромис со почитувањето на Законот и апелише до сите граѓани да ги почитуваат законите и да не започнуваат градба без добиено Одобрение за градење.












