Искусниот српски стручњак Светислав Пешиќ ќе биде заменет од Ибон Наваро на клупата на Баерн, пишува германски „Билд“. Имено, германскиот гигант е заинтересиран да го ангажира актуелниот тренер на Уникаха, кој веќе некое време е интересен за екипите од Евролигата.
Иако Баерн игра „прероден“ од доаѓањето на Пешиќ, реалноста е сосема поинаква бидејќи сакаат да го решат тренерското прашање на долг рок. Изборот падна на човек кој бележи одлични резултати во Шпанија и се чини дека е време тој да зачекори на најголемата сцена. Според извештаите, Баварците му нудат тригодишен договор и се подготвени да платат клаузула од 300.000 евра. Наваро освои две Лиги на шампиони на ФИБА, два Купа на кралевите, како и шпанскиот Суперкуп со Уникаха.











