Се чини дека германскиот фудбал доби напаѓач од висока класа по долго време, уште од времето на Мирослав Клосе. Ник Волтемаде постигна 17 гола на 33 натпревари за Штутгарт минатата сезона, запиша шест гола и три асистенции на неодамна завршеното Европско првенство до 21 година и ги договори личните услови за трансфер во Баерн од Минхен. Германскиот шампион не сака да ја пропушти можноста и да купи 23-годишен напаѓач од два метра што има апсолутно сè, од дриблинг, скок, креација до завршница.

„Кикер“ тврди дека преговорите меѓу Баерн и Штутгарт нема да бидат лесни бидејќи Штутгарт бара 100 милиони евра за напаѓачот, а Баварците не би сакале да платат повеќе од 60 милиони евра.

 

 

ИЗДВОЕНИ