петок, февруари 20, 2026
Дома СПОРТ Баерн (М) тргнува по хрватскиот „ѕвер“

Баерн (М) тргнува по хрватскиот „ѕвер“

31
epa12695593 Luka Vuskovic of Hamburg after the German Bundesliga soccer match between Hamburger SV and Bayern Munich at Volkspark Stadium in Hamburg, Germany, 31 January 2026. EPA/Justus Stegemann

Најтрофејниот германски клуб, Баерн (М), ќе се обиде да го доведе феноменалниот хрватски дефанзивец Лука Вушковиќ за време на летниот преоден рок.

Вушковиќ, кој има 18-години, игра навистина врвен фудбал во дресот на Хамбургер, кој го носи како позајмен фудбалер од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.

Хрватот ги воодушеви апсолутно сите и за него се зборува многу како за играч кој многу брзо ќе вреди 100 милиони евра и затоа Тотенхем веќе одлучи да го врати во своите редови пред почетокот на следната сезона.

Сепак, благодарение на неговите врвни настапи, популарните „петли“ би можеле да заработат огромни пари ако го продадат.

Германските медиуми објавуваат дека шампионот во Бундеслигата сериозно размислува да го доведе во своите редови и не би било изненадување доколку биде испратена официјална понуда до лондонскиот клуб.

Моменталната цена на хрватскиот дефанзивец е 40 милиони евра, но Тотенхем сигурно ќе побара повеќе пари, а прашањето е колку Баерн (М) е подготвен да плати.

Неговата цена буквално расте од ден на ден и наскоро дури и 100 милиони евра би можеле да бидат премалку.

Тренерот на Баерн (М), Винсент Компани, е исто така фасциниран од врвните настапи на младиот Хрват.

„Тој е огромен талент. Многу е тешко за младите стопери да се развијат во Бундеслигата. Мора да бидете физички многу силни. Идеално е што игра важна улога во Хамбургер. Има добар тренер, мора добро да го слуша. Не му треба ништо друго. Се надевам дека нема да има свој ден против нас, изјави тренерот на баварскиот гигант.

Во актуелната сезона одигра вкупно 18 натпревари на кои постигна три гола, но во одбраната прави вистински чуда и сосема очекувано е следен од неколку европски гиганти.

Покрај Баерн, и Барселона би сакала да го види во своите редови, а се очекува дека потрагата по него ќе се отвори по Светското првенство.

Се очекува Вушковиќ да биде дел од хрватската репрезентација затоа што селекторот Златко Далиќ едноставно не може да замижи пред неговите настапи.

ИЗДВОЕНИ