
Германскиот гигант, Баерн (М), зад себе има успешна сезона откако ја освоија Бундеслигата по една година пауза и се чини дека се враќа на добро познатата патека.
Стандардите во баварскиот клуб се уште се на многу високо ниво, па покрај домашните успеси треба да постигнат и успеси во Лигата на шампионите.
Оваа сезона Баерн (М) беше елиминиран во четврт-финалето на Лигата на шампионите од Интер, кој на крајот стигна до финалето.
Наскоро ќе започне летниот преоден рок, а баварскиот клуб би требало да биде активен на трансфер пазарот.
Како што пренесуваат арапските медиуми, Баерн (М) испратил понуда за 17-годишниот „вундеркид“ – Хамза Абделкарим.
Абделкарим ја „запали фудбалската сцена“ со своите настапи за репрезентацијата на Египет до 17 години и привлече големо внимание.
За младинската селекција на Египет одигра 15 натпревари, постигна десет гола и имаше пет асистенции, а во моментов игра за Ал Ахли.
Медиумите од Блискиот Исток го споредуваат со Мохамед Салах поради позицијата на која игра и секако – неговата националност.
Според овој извор, Баварците не се единствените заинтересирани за него бидејќи интерес покажаа и Манчестер Јунајтед и Марсеј.
Сепак, Абделкерим веќе го следеше Баерн (М) преку својот официјален Инстаграм профил и моментално е негов прв избор.
Винсент Компани и челниците на баварскиот клуб би направиле одличен залог за иднината со оваа зделка бидејќи се работи за многу млад и талентиран играч.