недела, јули 5, 2026
Дома СПОРТ Баерн (М) реализира уште еден трансфер од соништата

Баерн (М) реализира уште еден трансфер од соништата

3449
epa12964621 Bayern Munich's players celebrate the German Bundesliga championship title after the German Bundesliga soccer match between Bayern Munich and 1. FC Cologne in Munich, Germany, 16 May 2026. EPA/RONALD WITTEK CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Најтрофејниот клуб во германската Бундеслига, Баерн (М), ќе биде уште посилен следната сезона, бидејќи е договорен уште еден голем трансфер.

Според англиските и германските медиуми, Баерн (М) веќе ги договорил личните услови со англискиот крилен играч Ентони Гордон, додека преговорите меѓу клубовите се уште се во тек, со оглед на тоа што Њукасл бара околу 75 милиони фунти за неговото обештетување.

Баварците веруваат дека Гордон може веднаш да донесе брзина, пенетрација и ширина во нападот, и планираат да го искористат како сериозно засилување за следната сезона во Бундеслигата и Лигата на шампионите.

Иако Њукасл се уште е цврст во преговорите, се повеќе извори наведуваат дека овој трансфер е се поблиску до реализација, а Гордон на тој начин би можел да стане едно од најголемите имиња што ќе пристигнат во Минхен ова лето.

Желбата на играчот не е доведена во прашање, тој се согласил и на условите поставени од Баерн (М), а сега се очекува клубовите да се договорат за висината на обештетувањето.

Добрата форма на Гордон го привлече вниманието и на клубовите од Премиер лигата, а крилниот играч постигна 17 голови во сите натпреварувања оваа сезона.

Со месеци се шпекулирапе дека Арсенал е заинтересиран, додека Ливерпул исто така го следи крилниот напаѓач роден во Мерси. Но, на крајот, Баерн (М) ќе биде тој што ќе го зграби импресивното засилување, а англискиот репрезентативец ќе игра и на Светското првенство.

Гордон ги пропушти поразите на својот тим од Арсенал и Борнмут поради проблем со колкот. Потоа беше на клупата во победата над Брајтон и ремито со Нотингем Форест.

„Свраките“ го потпишаа Гордон од Евертон во јануари 2023 година за 40 милиони фунти.

Оваа сезона тој постигна 10 гола во 12 натпревари од Лигата на шампионите, соборувајќи го рекордот поставен од Алан Ширер.

ИЗДВОЕНИ