Германскиот фудбалски гигант, екипата на Баерн од Минхен, е подготвен да му го расипе планот на Челзи и да го доведе младиот играч на Дортмунд, Џејми Гитенс (20). „Сан“ претходно овој месец откри дека Англичаните се заинтересирани за англискиот репрезентативец и дека веќе се договориле за седумгодишен договор со него. Станува збор за играч што минатата сезона постигна 12 гола и имаше пет асистенции на 49 натпревари. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра.

Челзи претходно го доведе Лијам Делап (22) за 30 милиони фунти (35 милиони евра), но сака дополнително да го засили тимот со Гитенс. Сепак, германскиот гигант Баерн сега сериозно влезе во трката и сè искомплицира. Според „Кикер“, Баварците веќе некое време го следат крилниот напаѓач и го ставиле на својата листа на приоритети откако се пресели напаѓачот на Леверкузен, Флоријан Вирц, во Ливерпул.

ИЗДВОЕНИ