Баерн (М) не сакаше да плати 5 мил. евра за Јамал

95
epa11870070 FC Barcelona's Lamine Yamal celebrates the opening goal during the LaLiga soccer match between FC Barcelona and Alaves at the Olympic Stadium in Montjuic, Barcelona, 02 February 2025. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Ламине Јамал, чудото од дете на Барселона и шпанската репрезентација, можеше да заврши во Баерн (М) уште во 2022 година, но трансферот пропадна во последен момент. Денес, 18-годишниот Јамал блесна минатото лето на Европското првенство, каде што ја освои титулата со Шпанија и беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот. Тој одигра одлична сезона и во Барселона, со која ја освои Ла Лига. Сепак, ако работите се одвиваа поинаку пред три години, тој можеше да ја продолжи кариерата во Минхен.

Кристијан Фалк, спортски уредник на „Билд“, открива во својата книга „Трансфер-Инсајдер“ дека Баерн бил многу блиску до договор со Јамал. Во февруари 2022 година, тогашниот спортски директор Хасан Салихамиџиќ и техничкиот директор Марко Непе отпатуваа во Шпанија за да ја проверат можноста за доведување на Гави. За време на престојот во Барселона, тие исто така покажаа интерес за Јамал и преку неговиот тогашен претставник, Иван де ла Пења, побара средба со семејството.

Во исто време, кариерата на Јамал ја презеде Жорге Мендеш, кој побара пет милиони евра отштета за неговото семејство. Во Баерн (М) проценија дека тоа е превисок ризик со оглед на тоа што станува збор за спореден играч, а трансферот и онака не бил можен пред летото 2023 година.

Во меѓувреме, Јамал експлодираше, се етаблираше во Барселона и шпанската репрезентација и го продолжи договорот до 2031 година. Договорот содржи откупна клаузула од една милијарда евра, додека Трансфермаркт денес го проценува на 200 милиони евра, што го прави најскапиот фудбалер во светот.

 

ИЗДВОЕНИ