
Најтрофејниот клуб во германската Бундес лига, Баерн (М) веќе почна да ги крои плановите за следниот летен преоден рок. Како што информираат тамошните медиуми, баварскиот гигант сака сериозно да го освежи нападот, а тоа значи дека во игра е и опцијата да биде ставен крај на соработката со англискиот интернационалец Хари Кејн и со репрезентативецот на Германија, Серж Гнабри.