Баер ги полудува „црвените“ поради Вирц

845
EPA-EFE/FABIAN STRAUCH

Фудбалерите на Ливерпул во новата сезона би требало да имаат големо засилување во германскиот репрезентативец Флоријан Вирц, но се уште не постигнале конечен договор на „Енфилд“, иако се смета дека е „многу блиску“.

Вирц одби различни понуди само за да се пресели во Ливерпул и германскиот репрезентативец ги прифати условите што ги понудија „црвените“, но Баер од Леверкузен се уште не е целосно задоволен од понудата на новиот англиски шампион.

Наводно, Ливерпул понудил околу 120 мил. евра, а во Леверкузен тоа го сметаат за премалку и се надеваат дека зделката ќе биде завршена за повеќе од 150 милиони.

Сега идејата за размена меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен за Флоријан Вирц се појави откако беше одбиена друга понуда. Германскиот новинар Флоријан Плетенберг  откри дека би можел да се направи напредок преку договор за „пари плус играч“, при што Баер Леверкузен „има идеја“ да ги вклучи Харви Елиот или Џарел Кванса во договорот на Вирц.

Значи, многу е можно Ливерпул на крајот да испрати двајца играчи во Германија и тие секако да го платат остатокот од трансферот во готово, но сепак ќе има преговори пред да се постигне конечен договор.

Она што е најважно за Ливерпул е дека постои голема желба на Вирц да дојде во клубот, но и желбата на Баер трансферот да се реализира пред почетокот на Светското клупско првенство.

„За ова сè уште нема конечна одлука, но преговорите се во тек“, објави еден анонимен германски новинар.

Поранешниот тренер на Баер, Марко Непе верува дека Вирц може да го однесе Ливерпул на следното ниво бидејќи има четири главни квалитети.

„Тоа е комбинација. Неговата кондиција. Тој е толку храбар. Неговиот сет на вештини е опасен за секој противник“.

Вирц беше баран во Мадрид, потоа Арсенал, Манчестер Сити, но играчот имаше за цел да го облече црвениот дрес на тимот од „Енфилд“ и се надева дека тоа ќе се случи наскоро.

Вирц нема да биде единствениот играч кој од Леверкузен ќе замине во Ливерпул, бидејќи веќе е договорен трансферот на дефанзивецот Џереми Фримпонг, кој треба да го замени Трент Александер-Арнолд, кој веќе е потврден како нов играч на Реал (М).

 

ИЗДВОЕНИ