Дружењето во 2026 година, „Прв до врв“ го започнува со традиционалното искачување до врвот на Водно на Бадник, денеска во 11 часот.
Од „Прв до врв“ ги покануваат сите нивни пријатели, спортските ентузијасти и љубители на планината, планинари, велосипедисти и рекреативци, да се придружат на заедничко одбележување на Бадник, на Водно.
-Заедно ќе кршиме лепче со париче за да добиеме нов кум, а кумството ќе го предаде кумот за изминатата година.Традиционално, со секое лепче даваме гратис учество за „Прв до врв“ на Водно, на 17 мај. На еден/на ќе му се падне паричето, но на сите ќе им се падне ваучер за учество на „Прв до врв“. Да ја започнеме годината со здрави навики и да уживаме во заедничкото искачување на Водно – велат организаторите.
Настанот нема натпреварувачки карактер.












