Бабиш склучи коалициски договор со десничарските партии, извесно е дека ќе биде новиот премиер на Чешка

39

Победникот на парламентарните избори во Чешка и лидер на партијата АНО Андреј Бабиш денеска потпиша коалициски договор со крајно десничарската партија „Слобода и директна демократија“ и десничарската партија „Мотористи“, по што е сигурно дека ќе стане премиер.

Коалицијата ќе има 108 од 200 места во Долниот дом на парламентот, при што „АНО“ има 80, „СПД“ 15, а „Мотористи“ 13 пратеници“, пренесува „Политико“.

Бабиш е милијардер и земјоделски тајкун чиј успех на неодамнешните парламентарни избори предизвика страв во Брисел поради десничарскиот сојуз кој би можел да го формира на европско ниво.

И покрај загриженоста дека Бабиш би може да биде во судир на интереси, чешкиот претседател Петр Павел минатата недела му даде мандат да формира влада.

Бабиш и неговото десничарско популистичко движење „АНО“ се најмалку радиалната партија во идната влада, која веројано ќе има поддршка од миграциските и климатските инцијативи на Европската Унија и ќе се бори против обидот на Брисел да ги забрани моторите со внатрешно согорување.

Бабиш, кој беше премиер од 2017 година до 2021 година, веи дека ќе ја укине чешката програма со која на Украина ѝ се испорачува артилериска муниција и најави дека ќе прекине секаква финасиска помош за Украина од државниот буџет, бидејќи тие пари сака да ги насочи за помош на своите граѓани.

Со оглед на тоа што Бабиш обезбеди најмалку 101 место во Долниот дом, претседателот мора да  ги назначи премиерот и министриите предложени од претседателот на владата, што мора да биде потврдено од Собранието во рок од 30 дена.

 

ИЗДВОЕНИ