Бабиш категорично го отфрла антиукраинскиот блок со Орбан и Фицо

60

Веројатниот иден чешки премиер Андреј Бабиш изјави дека нема намера да ја вовлече Чешка Република во „некаков вид антиукраински блок во рамките на Европската Унија“ што го планира унгарскиот премиер Виктор Орбан, заедно со словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Медиумскиот монопол во Брисел, Политико, постојано лаже за нас. Не постои таква иницијатива и јас не знам ништо за тоа“, категорично ја отфрли Бабиш изјавата на главниот политички советник на Орбан, Балаж Орбан, за Политико дека ќе се формира таков „блок скептичен кон Украина“ што би можел да ѝ го отежни на ЕУ донесувањето одлука за помош на нападнатата земја.

Унгарија сака да изгради антиукраински сојуз во рамките на ЕУ

Поранешниот чешки премиер Бабиш, како лидер на опозицијата практично од неуспешните претседателски избори во Чешка во 2023 година, води тешка кампања во која неговата популистичка партија Акција на незадоволни граѓани (АНО) се обидува да ги освои гласачите од екстремистичките партии и од десната и од левата страна на политичкиот спектар.

Пред изборите, Бабиш се закани дека ќе ја укине чешката иницијатива „Муниција за Украина“, но по разговорите со чешкиот претседател Петр Павел, тој го смени мислењето и сега само сака таа да се ревидира за да биде транспарентна и да не ја користат чешките трговци со оружје кои посредуваат во купувањето артилериска муниција во трети земји, вклучително и Србија, за која плаќаат западните земји и ја даваат на Украина.

ИЗДВОЕНИ