Внука успеала да ја спаси баба си од измама за наводно сообраќајна несреќа на член на семејство, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во 17:15 часот во полицијата, 35 – годишна жена од Куманово пријавила дека едно лице се обидело да ја измами нејзината баба од кумановско село.
– Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член од нејзиното семејство бил во критична состојба по случена сообраќајна несреќа во Германија, но откако се посомневала ја прекинал врската, соопшти полицијата.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.