четврток, јануари 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ажурирајте ги своите контакт-податоци пред стартот на „Безбеден град“, апелира МВР

Ажурирајте ги своите контакт-податоци пред стартот на „Безбеден град“, апелира МВР

15

Министерството за внатрешни работи потсетува дека граѓаните треба да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед.

– На посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 8 до 17 часот, граѓаните може да поднесат барање за промена на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на возилата доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Тоа може да се изврши и во станиците за технички преглед на возила во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР – информира МВР.

Според најавите, системот „Бебзеден град“ официјално треба да биде ставен во функција в недела (1 февруари).

ИЗДВОЕНИ