Автомобил влета во ресторан додека двајца инфлуенсери снимале рецензија на храна – за влакно ја избегнаа смртта/ВИДЕО

269
screenshot Instagram

Нина Анрејтед и Патрик Блеквуд, познати инфлуенсери се повредени во инцидент што се случи за време на снимање на рецензија на храна во ресторанот „Кувејс калинари крејшнс“ во Хјустон, Тексас, кога автомобил удри во стаклото и влета во ресторанот.

Додека ја дегустирале храната, возило одеднаш прелетало низ прозорецот на ресторанот и удрило директно во масата на која седеле.

„Седевме во сепаре, се смеевме и уживавме во храната (лосос, остриги, ракчиња, макарони со сирење) кога одеднаш се случи силен удар и го скрши стаклото. Сè траеше само неколку секунди. Од никаде, автомобил удри со огромна брзина и настана хаос“, напишале тие во описот на видеото кое подоцна го објавија на својот канал.

На видео снимката која кружи на социјалните мрежи јасно се гледа како во еден момент пука стаклото и парченца од него паѓаат врз Нина и Патрик. По инцидентот  двајцата се пренесени во болница. Патрик изјави дека е благословен што е жив и дека во моментов посакува само да е дома со своите миленици, а Нина пак сподели фотографија од нив на која се гледа дека имаат повреди на лицето.

Сопственикот на ресторанот во кој биле Нина и Патрик, кажа дека возачот кој удрил во ресторанот е неповреден и дека истиот ќе сноси одговорност за штетата која ја направил. Тој додава и дека персоналот и гостите се уште е оправуваат од шокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GAMELANCER (@gamelancer)

ИЗДВОЕНИ