петок, јануари 23, 2026
Дома СВЕТ Автомобил удрил во група луѓе во Берлин, меѓу повредените има и деца/ФОТО

Автомобил удрил во група луѓе во Берлин, меѓу повредените има и деца/ФОТО

117

Неколку лица беа повредени, вклучувајќи и деца, кога автомобил „БМВ“ се заби во група луѓе во берлинскиот кварт Вединг на Зештрасе околу 13:10 часот денес, објави „Билд“.

Возачот на „БМВ“ остана на местото на настанот, до својот автомобил, по несреќата.

Според прелиминарните информации, една воспитачка е тешко повредена, а неколку деца се здобиле со полесни повреди.

Итните служби брзо реагираа и се на местото на настанот.

Истрагата е во тек, а мотивот и околностите на овој инцидент засега се непознати.

ИЗДВОЕНИ