Во вторникот околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, исто така, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.