Најмалку 11 лица загинаа, а седум се повредени во саботата кога автобус паднал од мост на автопатот Ла Линеа, во близна на градот Каларка, во колумбискиот регион Киндио, соопшти денеска локалната полиција.
– Автобусот превезувал 26 патници, меѓу кои имало и студенти од Универзитетот Александер фон Хумбол и службеници од Националниот институт за патишта, наводно имал дефект пред да изгуби контрола и удрил во заштитната ограда, изјави командантот на полицијата Фернандо Атуеста, пренесува шпански „Ел паис“.