
Патнички автобус денеска падна од карпа во Шри Ланка, при што загинаа 21 лице, а најмалку 14 се повредени, соопшти локален претставник.
Несреќата се случила во раните утрински часови во близина на градот Котмала, на околу 140 километри источно од главниот град Коломбо во планинскиот регион во централна Шри Ланка.
Локалната телевизија покажа дека автобусот се превртел на дното на клисурата, додека работниците и другите помагале да се извлечат повредените од урнатините.
Возачот е меѓу оние кои се примени во болница на лекување.
Во моментот на несреќата во автобусот имало 50 лица. Автобусот е во сопственост на државна компанија, соопшти полицијата.
Ваквите несреќи се чести во Шри Ланка, особено во планинските области, често поради несовесно возење и лошо одржувани и тесни патишта.