Тинејџерот е уапсен во австрискиот регион Штаерска, во градот Леобен е откриен во пребарување на интернет како да направи бомби со кои планирал да нападне институции, пишуваат австриските медиуми. Тамошната полицијата соопшти дека уапсеното лице е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава и оти неговите планови биле сериозни, па поради тоа, јавен обвинител наредил негово итно приведување. Полицијата го лоцирала во близина на неговиот дом, веднаш по враќањето од Македонија, каде што бил заедно со своето семејство. Приведениот негирал дека имал намера да изврши напади, но тој ѝ бил познат на полицијата од претходно, и затоа таа извесно време ги следела неговите активности. Од македонското МВР за весникот ВЕЧЕР велат дека не се запознаени со случајот и ја нагласуваат меѓународната соработка со Европол, особено со австриската полиција. |
Австриската полиција уапси 18-годишен маж со потекло од земјава поради планирање терористички напади и дејствување во организацијата Исламска Држава. Тинејџерот е уапсен во австрискиот регион Штаерска, во градот Леобен е откриен во пребарување на интернет како да направи бомби со кои планирал да нападне институции, пишуваат австриските медиуми. Тамошната полицијата соопшти дека уапсеното лице е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава и оти неговите планови биле сериозни, па поради тоа, јавен обвинител наредил негово итно приведување. Полицијата го лоцирала во близина на неговиот дом, веднаш по враќањето од Македонија, каде што бил заедно со своето семејство. Приведениот негирал дека имал намера да изврши напади, но тој ѝ бил познат на полицијата од претходно, и затоа таа извесно време ги следела неговите активности. Од македонското МВР за весникот ВЕЧЕР велат дека не се запознаени со случајот и ја нагласуваат меѓународната соработка со Европол, особено со австриската полиција.
Ова е уште еден пример со кој некое лице со потекло од Македонија се поврзува со подготвување на терористички напад и верски екстремизам, а претходно имало или има престој во Австрија.
Минатата година оваа земја, која има остра политика со имиграцијата за која ќе се открие дека дејствува екстремистички, го врати во Македонија 21-годишниот гостиварец кој набрзо потоа беше уапсен заедно со уште три други лица заради подготвување на терористички акции. Причините, според сознанијата биле верски екстремизам и радикализам. Терористичката ќелија беше разбиена по разузнавачки пат, а членовите имале во план да нападнат „меки цели“ за време на новогодишните и на божиќните празници, соопштија тогаш од македонската полиција. Минатата година австриската полиција го уапси 19-годишниот Беран Алији, кој живее во градот Терниц, а чие семејство, исто така, потекнува од Гостивар. Беран беше приведен заради основани сомневања дека подготвувал терористички напад за време на концертите на музичката ѕвезда Тејлор Свифт во австриската престолнина. Апсењата потсетуваат на терористичкиот напад од ноември 2020 година, исто така, во Виена, кога 20-годишниот Кујтим Фејзулаи, по потекло од Македонија, уби четворица и повреди уште 23 лица.
Сето ова го отвора прашањето за врбувањето на младите со македонско потекло од страна на структурите на терористичката Исламска држава со цел да вршат тероризам во регионот. Фактот дека се работи за млади на возраст од дваесетина години укажува и на одредена стратегија на ИСИЛ.
Безбедносните експерти за ВЕЧЕР објаснуваат дека младите се честа цел на сите терористички организации бидејќи кај нив наоѓаат погодна почва за ширење на својата идеологија, тие лесно примаат и извршуваат наредби, а сè уште не ѝ се познати на полицијата. Преку нив, полесно се шири и мрежата во одредени региони и се воспоставуваат ќелиите кои имаат од 3-5 лица.
Освен преку интернет, индоктринацијата се врши и преку верските објекти, неодамна добро упатени извори на ВЕЧЕР открија дека во дел од џамиите во скопски Чаир, Гостивар и Струга имало дури и физички напади на верските лица со цел заземање во владение од радикални структури. (П.А.)