Австрија ќе им забрани на девојчињата под 14 години да носат исламски шамии во училиштата, образложени причините

28
Foto: Pexels

Австрија планира да им забрани на девојчињата под 14 години да носат исламски шамии во училиштата, велејќи дека тоа е знак на угнетување.

Државниот секретар Јерг Лајтфрид и министерката за интеграција, Клаудија Плаколм, ги презентираа деталите за забраната.

„Шамата на 11-годишно девојче е и останува знак на угнетување“, рече Плаколм, додавајќи:

„Девојчињата развиваат чувство на срам, искривена слика за своето тело и нестабилно чувство за самодоверба.“

Нацрт-законот, кој наскоро треба да се дискутира во парламентот, ќе се применува од учебната 2026/2027 година, додаде министерката.

Можноста за забрана првпат беше спомената во 2019 година, но Плаколм нагласи дека ситуацијата денес е „сосема поинаква“, бидејќи бројот на муслимански девојчиња под 14 години се зголемил од 3.000 на 12.000.

Забраната ќе важи за сите училишта, и државни и приватни, и ќе вклучува училници, игралишта, спортски сали и училишни спортски терени. Сепак, забраната нема да важи за настани од трети страни што се одржуваат во училиштата.

Според локалните медиуми, забраната ќе се спроведува во две фази. Првиот чекор ќе биде фаза на подигање на свеста, која ќе започне во февруари 2026 година, за време на која училиштата, родителите и децата ќе бидат целосно информирани за новите правила.

Санкциите треба да стапат на сила на почетокот на учебната година во септември 2026 година, кога ќе бидат воведени и казни за прекршување на забраната.

ИЗДВОЕНИ