Ерин Патерсон (50), која ги уби своите родители и тетката на нејзиниот поранешен сопруг со отровни печурки, е осудена на доживотен затвор, објави „Скај њуз“, пренесува „Танјуг“.
На рочиштето за изрекување на пресудата во Врховниот суд на Викторија во Мелбурн, судијата Кристофер Бил рече дека долгорочното планирање на убиствата и недостатокот на каење од страна на Патерсон значат дека нејзината казна треба да биде долга.
Ерин ги покани Дон и Гејл Патерсон, двајцата 70-годишни, и сестрата на Гејл, Хедер Вилкинсон (66), на ручек подготвен со отровни печурки во нејзиниот дом во Леонгата, во австралиската држава Викторија, во јули 2023 година.
Тие не го преживеаа ручекот, додека сопругот на Хедер Вилкинсон, свештеникот Иан Вилкинсон, кој исто така ги јадеше отровните печурки што беа послужени со месото, пирето од компири и грашокот, преживеа по трансплантацијата на црниот дроб и месеците поминати во болница.
Откриено е дека Патерсон, мајка на две деца, го направила јадењето од смртоносните печурки „Аманита фалоидес“.
Патерсон, која тврди дека е невина и дека случајно ги труела своите жртви, го покани и таткото на своите деца, Сајмон Патерсон, на фаталниот оброк, но тој ја одби поканата.