Трката за Големата награда на Австралија во Мото ГП шампионатот ќе се одржува на улиците на Аделаида од следната година, наместо на легендарната патека „Филип Ајленд“, објавија организаторите на натпреварувањето.

Тоа ќе биде првото Гран при на Мото ГП што ќе се одржи на локација во центарот на градот, со „бескомпромисни безбедносни стандарди потребни во модерната ера на спортот“, соопштија организаторите.

Шестгодишниот договор започнува следната сезона и ќе ги одреди трките на Мото ГП на улиците на Аделаида до 2032 година.

Потврдено е дека првото Гран при на Австралија во Аделаида ќе се одржи во ноември 2027 година. Патеката ќе биде долга приближно 4,195 километри и ќе има 18 кривини низ градските улици, овозможувајќи им на возачите да достигнат брзина поголема од 340 километри на час.

ИЗДВОЕНИ