Австралија го одбележува Денот на сеќавање на нападот на плажата Бонди

10
EPA/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралијанците денес во 18:47 часот по локално време (8:47 часот по централноевропско време) ќе палат свеќи за да го одбележат моментот кога минатата недела за време на еврејскиот празник Ханука започна нападот врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, во кој беа убиени 16 лица, вклучувајќи го и еден од двајцата напаѓачи.

Федералната влада и владата на австралиската држава Нов Јужен Велс ја прогласија неделата за национален ден на сеќавање на жртвите.

Во исто време, австралискиот премиер Ентони Албанезе најави преглед на работата на федералното законодавство и разузнавачките агенции по нападот од минатата недела, објави австралискиот јавен сервис ABC.

ИЗДВОЕНИ