Авионска несреќа во Северна Каролина: Повеќе лица загинаа кога авион се урна при слетување/видео

721

Повеќе лица загинаа денес во авионска несреќа откако авион се урна при слетување на регионален аеродром во американската држава Северна Каролина, соопштија официјални лица.

Шест лица биле во авионот кога се урна на регионалниот аеродром Стејтсвил, изјавија за новинарите официјални лица кои го истражуваат инцидентот. Шерифот на округот Иредел, Дарен Кембел, потврди за „АП“ дека имало жртви, но не го прецизираше бројот.

Според податоците за регистрација, авионот е во сопственост на приватна компанија поврзана со Грег Бифл, пензиониран возач на НАСКАР, објави локалниот медиум WBTV, филијала на „Си-би-ес“.

Директорот на аеродромот Стејтсвил, Џон Фергусон, го опиша авионот како деловен авион и рече дека веќе бил во пламен кога пристигнал на местото на настанот.

Аеродромот Стејтсвил ќе остане затворен до понатамошно известување додека екипите ги отстранат остатоците од пистата, рече Фергусон.

Службениците не дадоа дополнителни информации за жртвите или идентитетот на лицата во авионот, објави „Танјуг“.

Националниот одбор за безбедност на сообраќајот на САД (NTSB), кој ја води истрагата, соопшти дека испраќа специјален истражен тим на местото на несреќата, кој се очекува да пристигне во текот на вечерта.

ИЗДВОЕНИ