Авион се урна врз повеќе куќи во Сан Диего и предизвика пожари: Итно евакуиран дел од населбата, непознато дали има загинати и повредени

98

Мал авион се урна во Сан Диего, погоди повеќе куќи и возила, по што беше евакуирана дел од населбата, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во Тиерасанта, населба која се наоѓа на околу 10 милји североисточно од центарот на Сан Диего, објави полицискиот оддел на Сан Диего на мрежата Х, пренесува Индекс.

Авионот се урнал во близина на улиците Скалпин и Санто, а местото за евакуација било означено како основно училиште Милер, на улицата Шилдс 4343, се вели во соопштението на полицијата.

Упатен е апел до граѓаните да ја избегнуваат областа.

На местото на несреќата, помошникот началник на противпожарната и спасувачката служба во Сан Диего, Ден Еди, им изјави на новинарите дека авионот удрил во околу 15 домови, предизвикувајќи пожар во многу објекти и возила, објавија NBC News и CNN.

„Само што ја поминав таа улица, изгледа како сцена од филм“, изјави Еди.

Засега не се знае колку лица се повредени, ниту дали има загинати.

ИЗДВОЕНИ