Авион се урна кај Најроби, шест лица загинаа, од кои две на земја во моментот на падот

83

Мал авион се урна во густо населеното предградие Гитураи, североисточно од Најроби, објави кенискиот весник „Стар“.

Шест лица загинаа кога мал авион се урна во густо населеното предградие Гитураи, североисточно од Најроби, Кенија, изјави денес официјален претставник. Меѓу жртвите има две лица кои биле на земја во моментот на падот на авионот.

Засега, типот на летало или причината за падот не се познати, објави „Ројтерс“.

Не е објавено колку патници имало во авионот. Истрагата е во тек.

ИЗДВОЕНИ