Aвион од Тирана принудно слета во Сплит – пилотот забележал пукнатина

889

Поради пукнато странично ветробранско стакло, патнички авион Боинг 737 со 131 патник, кој летал од Тирана за Осло, во вторник попладне принудно слетал на пистата на аеродромот „Свети Јероним“ во Каштела.

Како што дозна Хина од заменик директорот на аеродромот, Пер Билас, сите патници, како и шестмина членови на екипажот се добро. Тој објасни дека се работи за итно слетување откако пилотот забележал дека му пукнало страничното ветробранско стакло.

Билас рече дека ништо посебно не се случило, но дека пилотот морал да ја следи процедурата и да слета, што и го направил, без никакви проблеми.

– Сега чекаме потег од норвешката компанија, која мора да најде решение за сите патници кои ќе бидат превезени до нивните дестинации. За тоа време ќе се елиминира пукнатината на страничното ветробранско стакло на авионот – објасни Билас.

 

ИЗДВОЕНИ