Авион „Ербас“ на романската приватна чартер авиокомпанија „Карпатeр“, кој превезуваше 150 патници и сообраќаше на линијата Атина-Рига, утрово изврши итно слетување на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во грчката престолнина откако се појави чад во пилотската кабина, објавија грчките медиуми.
Авионот се вратил на аеродромот во Атина кратко по полетувањето, според податоците од Flightradar24, платформа за следење на летови, објави „Катимерини“.
Сите патници се во добра здравствена состојба, а техничарите ќе го проверат авионот, објави ЕРТ.