Авион од типот „Ертрактор“ каков што вообичаено користат хрватските воздухопловни сили, исчезна од радарот

51
Фото:википедија/By Daniel VA - commons file

Во местото Криви Пут, недалеку од Сењ, исчезна авион од типот „Ертрактор“. Авионот исчезна од радарот околу 17 часот, а има извештаи од жителите дека се урнал, објави хрватски „Индекс“.

Полициската управа Лика-Сењ потврди дека добиле пријава за несреќата околу 17:10 часот.

Според првичните информации од терен, станува збор за авион што вообичаено го користат хрватските воздухопловни сили.

ИЗДВОЕНИ