Утрово околу 8 часот, авион на „Евровингс“ изврши итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб.
Како што потврди портпаролката на Меѓународниот аеродром во Загреб, Лидија Чапковиќ Мартинек за Дневник.хр екипажот побарал итно слетување откако бил забележан чад во кабината.
„Во согласност со пропишаните процедури, активирана е локалната постапка за итно слетување. Авионот слета безбедно и немаше закана за патниците, екипажот или инфраструктурата“, нагласи Чапковиќ Мартинек.
Според достапните информации, по добивањето на дојава за чад во кабината, екипажот веднаш покренал безбедносни процедури, а авионот слета на пистата на аеродромот во Загреб без дополнителни проблеми.
Засега не е познато на која релација патувал авионот.