Авион на „Ер Индија“ беше принуден да слета итно денес по закана со бомба – помалку од 24 часа по падот на авионот во Ахмедабад.
Летот AI 379 патувал од Пукет, Тајланд, до индиската престолнина Њу Делхи, но морал итно да слета откако добил дојава за бомба, соопштија аеродромските власти.
Авионот полетал, го обиколил западниот брег на островот, а потоа повторно слетал на островот за одмор неколку минути подоцна. Патниците беа евакуирани од авионот во согласност со плановите за вонредни состојби, соопшти претставник на аеродромите на Тајланд.
Во авионот имало 156 патници, а заканата за бомба била примена во авионот, се вели во соопштението.