Летот AF7562 на „Ер Франс“, кој леташе од аеродромот „Орли“ во Париз до Ајачо, беше пренасочен кон Лион по нешто повеќе од 35 минути лет поради технички проблем.
Авиокомпанијата соопшти дека проблемот се однесувал на авион „Ербас А320“, без да даде детали, објави телевизијата BFM.
„Одлуката е донесена во согласност со процедурите на производителот, правилата на компанијата и примената на принципот на претпазливост“, соопшти авиокомпанијата.












