Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително се зајакнуваат со отворање на авиолинијата Скопје – Мадрид и претходно воспоставената линија  Скопје – Барселона. Ова на средбата во Скопје ја истакнале вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.

Николоски информирал дека двете авиолинии се дел од владината програма за развој на авиосообраќајот преку кои се отвораат нови перспективи меѓу двете земји и за двата народи.

На средбата, исто така, биле разменети и мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, притоа вицепремиерот Николоски истакнал дека Македонија е влезена во инвестициски циклус во развој на патната и железничка мрежа со посебен акцент на коридорите кои треба да го придвижат регионалниот економски развој.

На средбата биле нагласени и можностите за инвестирање во земјава, преку реализација на инвестиции во сектори од заеднички интерес.

ИЗДВОЕНИ