Британската двојка, Барби Рејнолдс (76) и нејзиниот сопруг Питер Рејнолдс (80), се вратија во Велика Британија откако беа држени во талибански затвор од февруари оваа година. Министерството за внатрешни работи на талибанската влада ја уапси двојката, кој живее во Авганистан 18 години и има авганистанско државјанство, додека патуваа кон својот дом во покраината Бамијан. Тие беа држени без обвинение повеќе од седум месеци и беа ослободени по судско рочиште. Авганистанските власти не објаснија кој закон наводно го прекршиле, објави„ Скај њуз“.
По нивното ослободување, тие беа однесени во Катар каде што беа повторно обединети со нивната ќерка, а во саботата слетаа на аеродромот „Хитроу“ во Лондон. И покрај сè низ што поминале, брачата двојка Рејнолдс изрази благодарност за начинот на кој биле третирани и рече дека се надеваат дека ќе се вратат во Авганистан. Тие ја водат организацијата „Rebuild“, која се занимава со образование и стручно оспособување во таа земја. Британската влада продолжува да им советува на своите граѓани да не патуваат во Авганистан.