вторник, јануари 20, 2026
Дома МАГАЗИН Аватар на Исус покренат со вештачката интелигенција во црква во Швајцарија прима...

Аватар на Исус покренат со вештачката интелигенција во црква во Швајцарија прима верници на разговор

102

Mала и не премногу раскошна црква долго време се смета за најстара во швајцарскиот град Луцерн. Но, капелата Свети Петар стана синоним за новата ера откако Исус беше инсталиран во неа, придвижуван од вештачка интелигенција и способен да зборува 100 јазици.

„Тоа беше вистински експеримент. Сакавме да видиме и да разбереме како луѓето реагираат на Исус напојуван со вештачката интелигенција. За што би разговарале со него? Дали би имало интерес да разговараат со него? Веројатно сме пионери во ова“, рекол теологот Марко Шмид.

Инсталацијата позната како Deus in Machina беше инсталирана во август како најнов чекор во повеќегодишната соработка за извонредна реалност со локална универзитетска истражувачка лабораторија, пишува „Гардијан“.

По проектите кои експериментираа со виртуелна и проширена реалност, црквата одлучила дека следниот чекор е да инсталира аватари.

„Дебатиравме каков аватар би бил тоа – теолог, личност или светец? Но, тогаш сфативме дека најдобра фигура ќе биде самиот Исус“, рече Шмид.

ИЗДВОЕНИ