Дебитантот во Формула 1, тимот на Ауди, си постави амбициозна цел да стане „најуспешниот во историјата на Формула 1“. Оваа недела, на официјалната промоција го објави својот влез во највисокото ниво на мотоспортот, што го достигна со купувањето на Заубер.
Шефот на тимот, Џонатан Витли, им порача на присутните на гала-промоцијата во Германија да бидат сведоци на историски момент и да бидат многу свесни за тој факт.
- Не сме тука за да си играме, ова е амбициозен проект. Скромни сме. Знаеме од каде почнуваме и знаеме каде сакаме да одиме. Сакаме Ауди да стане најуспешниот тим во Ф1 во историјата. Има фази на патот, а денес го започнуваме тоа патување, порача Витли, предизвикувајќи големо внимание.
Матија Биното, кој го води проектот на Ауди во Формула 1, исто така зборуваше амбициозно.
- Свесни сме дека сме само на почетокот од нашето патување. Знаеме дека претстојат многу предизвици, но ние сме подготвени за нив, беше цитиран Биното од „Би-би-си“.











