Општина Бутел надминува уште еден долгогодишен проблем со кој се соочуваа жителите од улица „Рудо“.
Започна изградбата на нова линија на атмосферската канализација на оваа улица, во должина од 400 метри која ќе ги собира дождовните води.
-Со реализација на овој значаен проект во населбата Бутел кој ќе го реши проблемот со атмосферските води. Ова е уште еден проект кој беше неопходно да се реализира – потенцираат од Општината.
Оттаму додаваат дека поради недостатокот на атмосферска канализација во минатото при врнежи од дожд, граѓаните се соочувале со проблем, но со реализацијата на овој проект тој проблем сега се надминува.