Британската атлетичарка Ејми Хант (23) се пошегува дека нејзиниот приоритет во животот е сумиран во фразата „медалите пред мажите“. Таа го освои второто место во финалето на 200 метри на Светското првенство во Токио, минатиот месец, со прекрасен финиш, трчајќи до среброто, зад Американката Мелиса Џеферсон-Вуден.
За нејзиниот успех, овој пат пишуваше познатиот британски весник „Дејли меил“, а во статијата се додава дека молскавично брзата девојка од Кембриџ прославила за бронзата ја со караоке.
Списанието „Вог“ ја именува Хант за едно од „лицата што ќе ја дефинираат деценијата“ откако го собори светскиот рекорд за атлетичарки под 18 години, во 2019 година. Сепак, тешкотиите при балансирањето меѓу студиите и тренингот, во комбинација со сериозните повреди, доведоа до предизвикувачки период и до пад на нејзините перформанси.
Во 2022 година, таа ги скина квадрицепсите. Одеднаш, од нова голема надеж, таа речиси беше заборавена. Времето од 22,42 секунди што го истрча како 17-годишна девојка пред пандемијата беше далечно сеќавање. Поминаа шест години пред повторно да постави личен рекорд.
Сега таа повторно е во центарот на вниманието и би можела да стане следната британска олимписка суперѕвезда.
Хант беше една од петте британски медалистки на Светското првенство, заедно со Џорџија Хантер Бел и со Кили Хоџкинсон, кои освоија сребро и бронза на трката на 800 метри за жени.