Изминативе неколку дена, Токио ужива во неколку големи моменти што се случија на Светското првенство во атлетика на отворено. Веќе видовме одлични трки на 100 метри, рекорд на Арманд Дуплантис, неверојатен финиш на машкиот маратон и одлична завршница на 3.000 метри со пречки, каде што Новозеланѓанецот Жорди Бимиш го освои златото. Тој дојде до златото во самиот финиш, откако во последните неколку метри успеа да го мине Софијан ел Бакали од Мароко, славејќи за 0,07 секунди. Ја заврши трката со време од 08:33,88, додека Ел Бакали имаше 08:33:95. Бронзата му припадна на Едмунд Серем.

Имено, Новозеланѓанецот успеа да се издигне од пепелта. Во текот на квалификациите доживеа пад, беше згазен на лицето од друг натпреварувач – Жан-Пол Десањ, секако, ненамерно, но успеа да заздрави и да се пласира во финалето.

Заврши на второто место во својата квалификациска група, а потоа испиша нови страници во историјата, и тоа по проблемите со повредата. Ова е негово прво злато на отворено откако освои злато и на 1.500 метри на Светското првенство во сала во Глазгов, минатата година.

ИЗДВОЕНИ