Тре Јанг би можел да го промени тимот следната година. Тој има уште две години од договорот и доколку не го продолжи, „јастребите“ би можеле да бидат во ризична ситуација и да го загубат.
Според Шамс Чаранија, голем број тимови ја следат ситуацијата со Јанг и може да се случи тој да ја искористи опцијата што ќе ја има во летото 2026 година и да го напушти тимот. Според тековниот договор, тој ќе добие 95 милиони долари во текот на две години.
Атланта има сериозен тим за новата сезона, пристигна Порзингис, а тука е и Никел Александар-Вокер, па многумина очекуваат да стигне до плејофот без никакви проблеми.