Атентаторот на Трамп се обиде да се самоубие во судницата за време на изрекување на пресудата/ВИДЕО

71

Рајан Весли Раут, кој беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението за обид за атентат врз Доналд Трамп минатата година за време на претседателската изборна кампања, се обиде да се самоубие во судницата.

Според американските медиуми, тој се обидел да се прободе во вратот со пенкало. Обидот за самоубиство се случил откако беше прогласен за виновен во судницата во Флорида.

Раут, кој одлучи да нема адвокат во текот на целата постапка, го планирал нападот во голф-клубот на претседателот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич речиси една година.

Тој бил вооружен со полуавтоматска пушка додека тогашниот претседателски кандидат Трамп играл голф на 15 септември 2024 година. Агентите на Тајната служба го виделе како се крие во грмушките со пушка од типот SKS, за која Раут тврдеше дека никогаш не била насочена кон претседателот.

Во својот завршен збор, Раут им рече на поротниците дека федералните обвинители не докажале „никаква намера“ за убиството.

„Никој никогаш немаше намера да убие некого. Пушката никогаш не беше подигната од своето место“, рече тој.

Неуспешниот напад се случи само два месеци откако Трамп беше застрелан за време на предизборен митинг минатиот јули во Пенсилванија.

Во неколку наврати за време на судењето, Раут (59) беше опоменат од окружниот судија Ајлин Канон за попречување на постапката, поставување ирелевантни прашања или давање изјави што беа надвор од опсегот на случајот.

ИЗДВОЕНИ