Како и што се очекуваше, Италија на спектакуларен начин го организираше свеченото отворање на Зимските Олимписки Игри што од денеска па се до 22 февруари ќе се одржуваат во Милано и во Кортина.
Фудбалскиот храм, стадионот „Сан Сиро“ беше домаќин на свечената церемонија на која покрај музичката и уметничка програма, на крајот продефилираа и делегациите на 92 земји учеснички на ЗОИ 2026.
Меѓу нив, и македонската делегација што ја сочинуваат четири спортисти, а чии знаменосци вечерва во Милано беа Јана Атанасовска и Ставре Јада.












