Црвена звезда има одличен старт на сезоната во кошаркарската Евролига, а тоа го потврди и со победата од 86:68 на домашен терен, против тимот на Панатинаикос, предводен од Ергин Атаман.
Ова е седми последователен триумф на „црвено-белите“ во Евролигата откако ги загубија почетните два натпревара. Но, оттогаш редат само победи.
Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги сподели своите впечатоци по поразот и не ја пропушти можноста да ги пецне „делиите“.
- Започнавме ужасно, со многу грешки. Не погодивме ниту еден шут, иако многу од нив беа отворени. Потоа ја загубивме контролата. Слично беше и во третата четвртина, но во четвртата некои играчи покажаа карактер. Сепак, направивме неколку грешки и на крајот го загубивме натпреварот. Честитки за Олимпијакос. Се извинувам, до Црвена звезда. Сите навивачи го поддржуваа Олимпијакос, па се збунив – истакна Атаман, кој не го заборави скандирањето на навивачката група „Делии“.











