Аталанта прва го тестира бранителот на тронот

56
epa12082144 PSG players celebrate with supporters after winning the UEFA Champions League semi-finals 2nd leg soccer match between Paris Saint-Germain and Arsenal FC, in Paris, France, 07 May 2025. EPA-EFE/YOAN VALAT

Со дуелот против италијанскиот калчолигаш Аталанта, францускиот гигант ПСЖ, денеска ја стартува одбраната на титулата во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Популарните „светци“ и сезонава се во групата на тимови кои имаат најголеми шанси да го освојат популарниот „пехар со уши“ и затоа четата на Луис Енрике нема друга опција освен да ја искористи предноста на домашниот терен и да слави против незгодниот гостин од Бергамо.

Шпанскиот стручњак има сериозен проблем кога е во прашање почетниот состав затоа што не може да смета на најдобриот играч од изминатата сезона и најголем фаворит за „Златната топка“, Осман Дембеле, кој е посериозно повреден.

Од друга страна, предводникот на Аталанта, Иван Јуриќ, нема некои посерозни проблеми кога е во праѓање здравствениот билтен, но голема главоболка му предизвикува најдобриот играч, Адемола Локман, кој останува на ставот дека сака да си замине од Бергамо.

Нема дилема дека убедливо најголемо внимание ќе привлече дуелот на „Алијанц арена“ помеѓу германскиот гигант Баерн (М) и лондонскиот премиерлигаш Челзи, а актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога на дуелот против шпанскиот претставник Атлетико (М). ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Олимпијакос – Пафос, Славија П. – Бодо/Глимт, Ајакс – Интер, Баерн (М) – Челзи, Ливерпул – Атлетико (М), ПСЖ – Аталанта.

ИЗДВОЕНИ