Мнозинскиот сопственик на Асвел, Тони Паркер, потврди дека неговиот клуб презема правни мерки против Евролигата. Елитното натпреварување го санкционираше францускиот клуб за непочитување на финансискиот фер-плеј.
- Евролигата јавно нè санкционираше за трошење 4,4 милиони евра за плати, додека нивниот минимум е 5,85 милиони евра. Сепак, прописите на француската лига ни забрануваат да трошиме повеќе. Ние сме под финансиска контрола. Накратко, тие нè бараат да не ги почитуваме правилата утврдени од националната лига, со која имаме одличен однос, истакна Паркер, кој стави јасно до знаење дека проблемот ќе се реши судски.
- Одиме на суд, вели Паркер, нагласувајќи дека Асвел не ја продал својата А лиценца: „Тоа е целосно неточно. Имаме договор до 2026 година“.











